Православното Христијанство и Јогата – дали се заемно сообразни?

Доктор Христина Мангала Фрост е израсната во Индија, родена e како хиндуистка, во највисоката, свештеничка каста во Индија – браманската. Таа е воспитана со јогата – нејзиниот дедо бил личен пријател со еден од водечките индиски хинду гуруа и учители кои ја дефинираа модерната јога и веданта философијата, познатиот Свами Шивананда. Доктор Христина Мангала Фрост станала Христијанка на 22 години, а подоцна преминала во Православната Црква. Докторската титула по англиска литература ја здобила од универзитетот во Кембриџ, Англија. Автор е на статии за литературата и книги од жанрот „фантастика“, а и самата има напишано неколку такви книги; како и текстови на различни духовни теми, вклучително и за јогата и Христијанството. Омажена е за д-р Давид Фрост, директор на Институтот за Православни Студии при Универзитетот во Кембриџ, со него има четири деца, а се црквува во храмот „Св. Ефрем Сирин“ во Руската Православна Црква во Кембриџ.

Јогата денес е станата мошне популарна во западниот христијански свет, така што постојат дури и Христијани, верници, коишто се интересираат или се занимаваат со јога. Тоа е и мотивот оваа тема – Сообразноста на јогата со Источното Православно Христијанство – да се отвори со д-р Христина Мангала Фрост.

Continue reading “Православното Христијанство и Јогата – дали се заемно сообразни?”

Верата и болеста

„Тагата и грижата носат болести“
(од кинеската медицина, 1050 год. пред Христа)

Болката и болеста се биолошки парафеномени и како такви претставуваат силни предизвици за човекот, неговата вера и неговата наука или неговиот духовно-научен или природно-научен поглед. Од природно-научен аспект, не знаеме како болестите дошле на светот. Најпознатите болести во нашиот век: ракот, туберкулозата, шизофренијата, маниjaчно-депресивната психоза, се познати уште од старите векови, веројатно и многу порано. Вообичаено, нивното настанување се толкувало со мутација на гените под влијание на непознати чинители, како надворешни (космичко зрачење, радикални климатски промени на Земјата и т.н.), така и внатрешни (во внатрешноста на самите хромозоми како носители на гените). Има и оригинални, иако недокажани хипотези за настанувањето на болестите кај човекот, каде што се претпоставува дека човекот во својата прапочетна состојба бил „природно здрав“. Така, според мислењето на еден постар германски психолог и философ, Лудвиг Клагес (1872- 1956), човекот оболува кога го открива духот во себе. Оттогаш настанува непрекинливата војна помеѓу духот и душата, душата и телото – кое во текот на илјадници години човечка праисторија и историја, прогресивно слабее на сметка на духот. На ваквиот поглед за болестите, блиско му е и едното и другото мислење, кое болеста ја смета за израз на компромис помеѓу себичната и алтруистичната природа на човекот.

Continue reading “Верата и болеста”

Две недели до најблиското пристаниште

Или: За Неодбранливоста на Абортусот

Непромислени, нечовечни и заводливи! Со овие ни малку ласкави придавки решавам да ги опишам оправдувањата што обично кај нас се даваат во поддршка на „правото на абортус.“ Написов ќе го започнеме со едно скусено разгледување на првите две групи апологии на абортусот (непромислените и нечовечните), а потем ќе продолжиме со малце позадлабочена анализа на третата (заводливата). А зошто постапуваме така? Тоа е затоа што оправдувањата што решивме да ги наречеме непромислени и нечовечни, а кои често се даваат во корист на абортусот, се исклучиво од индиректна природа, т.е. се однесуваат на надворешни (!) фактори и во однос на мајката и во однос на нејзиниот плод, и оттука се со второстепено значење во секоја поинтелигентна расправа. Заводливите, пак, оправдувања се веќе од посериозна природа и тие се потпираат на позиции што се обидуваат да го одбранат абортусот врз основа на тврдења, кои сакаат да го дефинираат статусот на самиот фетус и на правата, со кои мајката располага над него. Оттука, овој тип на оправдувања и заслужуваат да им се посвети поголемо внимание…

Continue reading “Две недели до најблиското пристаниште”