Патувајте со радост – тајната на смртта и воскресението

Крајот се наоѓа таму каде што почнуваме
Т.С. Елиот

Знам дека ќе дојдеш

Согласно со типикот на Руската Православна Црква, царските двери, во средината на иконостасот, остануваат затворени за времетраењето на проскомидијата, малку пред да почне Литургијата [ова се случува затоа што утрената која ѝ претходи на Литургијата, по грчкиот типик, се совршува во сабота вечер, после вечерната (vigilia). Така проскомидијата се совршува пред Литургијата, од свештеникот  со затворени царски двери]. Потоа доаѓа моментот да почне Божествената Литургија: царските двери се отвараат, светата Трпеза се открива и свештенослужителот ја произнесува почетната молитва. Точно за овој момент размислуваше философот на религијата, принцот Евгениј Трумбецки, малку пред да се упокои. Овие беа неговите последни зборови: „светите двери се отвараат! Големата Литургија ќе почне уште малку“[1]. Не беше за него смртта затворање, но отварање на една порта, не беше крај, но еден почеток. Како и древните Христијани, така и тој го сметаше денот на својата смрт како свој роденден.

Continue reading “Патувајте со радост – тајната на смртта и воскресението”