За болеста

„Ја чувствувам болеста како љубов Христова“

Христе мој, љубовта твоја нема граници.

Му благодарам на Бога за тоа што ми даде многу болести[1]. Многупати му велам: „Христе мој, твојата љубов нема граници“! Како сум жив, претставува чудо. Покрај сите мои други болести, имам и рак на хипофизата. Се создаде таму оток, кој се зголемува и го притиска очниот нерв. Поради тоа, сега веќе не гледам. Имам страшни болки. Но, се молам, подигајќи го Крстот Христов со трпение. Гледате каков ми е јазикот? Има отечено, не е како што беше. И тоа е од ракот што го имам во главата. Како што ќе одам понатаму, ќе бидам полошо. Ќе отече и нешто друго, ќе имам потешкотии да зборувам. Ме боли многу, поднесувам, но многу е убава мојата болест. Ја чувствувам како љубов Христова. Чувствувам скрушеност и му благодарам на Бога. Болеста е заради моите гревови. Грешен сум и Бог се обидува да ме очисти.

Continue reading “За болеста”

За смртта*

Сиот наш живот на земјата е подготовка за вечноста, но секој од нас, од животот заминува на различен начин; еден пловејќи по морето, втор летајќи над облаците, трет… Но, се чини дека најубаво е да заминеме стоејќи во црквата или седејќи на нашето стасиди (стасидија се дрвените столици во храмот, наредени долж неговите ѕидови), кое го символизира нашиот гроб. Нашето место за седење на стасидито е крстообразно и покажува дека ние, како монаси сме распнати, т.е. умрени, мртви. Помеѓу другото, истото го означува и нашиот монашки потстриг, дека имаме умрено, а умрениот не се плаши од смртта.

Една изрека вели: ако умреш пред да умреш, нема да умреш, кога ќе умреш, се разбира ако навистина сме умреле за Христа и сме се сопогребале со него, преку нашето крштевање, преку нашиот монашки потстриг и преку нашите исповеди, та немаме повеќе ниту надежи, ниту очајанија, ниту притесненија.

Continue reading “За смртта*”

Враќање каде?

Мал е бројот на оние на кои им се допаѓа да живеат во рамките на своето време. Ех, порано, ќе се рече. Не сум се родил/а во тие времиња. Со мојата префинетост сигурно на кралскиот двор ќе танцував менуети во долги фустани… За слугување во штала, се чини некако помалку се мисли. Но, вака или онака, илузиите за подобрите времиња, кои некаде исчезнале, постојат. Соблазната се појавува со прашањето: Каде да се вратиме? Која епоха да ја обновиме?

А, кои се, всушност, варијантите?

Русија до Петар Велики, Русија на Петар Велики, советските времиња. Изгледа тоа е сè.

Сите горенаведени епохи си имаат свој осмислен стожер. Русија до Петар, се стремела кон една сеопшта, сенародна светост, како идеал. Русија на Петар Велики се стремела кон величие на државата. Советската држава сакала социјална правда. Овие три позитивни стожерни моменти ги имаше истакнато Свјатејшиот Патријарх, кога во една од неговите беседи го анализираше нашиот историски пат.

Continue reading “Враќање каде?”

Против идолите

За благочестивоста и за сето вистинско знаење, не е толку потребно човечко учење, колку што e нивното познавање кое се содржи во себеси. Знаењето не  се обелоденува секојдневно само низ делата, туку и низ Христовото учење се покажува посветло и од сонцето.

Сепак, имаш желба да чуеш за споредбите на знаењето, ела блажени, да принесеме нешто, колку што би можеле за Христовата вера. Се разбира, тоа можеш да го најдеш во Светото Писмо, но, сепак, добро е и другите да го чујат. Светото и боговдахновено Писмо самото е доволно да ја објавува вистината. А има и многумина од нашите блажени учители и Отци, кои составија слова за таа цел. Во списите на отците, секој ќе го дознае правилното толкување на Светото Писмо и ќе биде во можност да се устреми кон она што тој сака да го дознае. Меѓутоа, бидејќи сега ги немам во рацете делата на отците, она што го научив од нив морам да ти го соопштам и да ти го напишам. Имено, мислам за верата во Спасителот Христос. За некој да не го смета за безвредно учењето на нашето слово, ниту да не ја мисли за безумна верата во Христос.

Continue reading “Против идолите”

Секојдневниот крст

Изгледа дека Бог не ја прима онаа жртва која ние сакаме да му ја принесеме, туку онаа која Тој ја бара од нас, а тоа е непрестајно да умираме – како што вели апостолот (Павле), секој ден да се погребуваме себе си. Притискајќи нè од сите страни против нашата волја, искушенијата нè туркаат нагоре, кон Бога, кон Небесното Царство. Нека му е слава и благодарност што нè закрепи да страдаме и така да се научиме да Го љубиме.

Continue reading “Секојдневниот крст”

Неодржливоста на атеизмот

Атеизмот го приложува својот класичен аргумент: познанието на Бога претпоставува дар на верата, а атеистот неа ја нема.  Од своја страна пак, евангелското: „Постоеше вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓа во светов“ (Јован 1, 9) дава одговор на оваа забелешка и означува  дека простото одбивање да му се припише исклучиво на разумот моќта за секое познание, поттикнува едно отворање на човечкиот дух, кој е способен барем да го насети таинството на „сосем Поинаквиот“. Според Паскал, нарушувањето на рамнотежата се случува поради „две крајности: да се исклучи разумот, или да се признае само разумот“, а Честертон во The Ball and the Cross, забележува дека „лудиот има сè изгубено, освен разумот“. Ако се задржиме само на разумот, а ги отфрлиме интуицијата, имагинацијата и контемплативното натсвесно, одрекувањето на Бога се одвива единствено на еден објективизирачки план на поими. Една таква разумска апстракција никогаш не ќе ја достигне областа на Трансцендентниот, Битието на Живиот Бог. Таа впрочем порекнува само една теолошка доктрина, еден философски систем, концепт, нешто што е без значење, бидејќи не ја досегнува Божествената тајна.  

Continue reading “Неодржливоста на атеизмот”

„Откровението Јованово“ – книга за нас, денес

Откровението според светиот Јован Богослов е книга со која се завршува и заклучува новозаветниот канон, односно збирката боговдахновени книги од Светото Писмо на Новиот Завет, а по времето на настанувањето една од најпознатите новозаветни книги. Автентичната жива традиција на древната Црква, посведочена уште од првата половина на II век по Христа, во делата на светите Отци и црковните писатели, и тоа во делата на свети Јустин Философ и маченик Лугдунски (Лионски) особено, а кај Климент Александриски, Ориген, Јевсевиј Кесариски, Виктрон Петовиски и многу други, подоцна и посредно, скоро едногласно се одредува последниот период на владеењето на римскиот цар Домицијан (81-96) како terminusadquem за пишување на Откровението. Нејзе ѝ оди во прилог критичката анализа на самиот текст на Откровението, и повеќето нови, како и за нас современи истражувачи на вкупниот историско-филолошки и богословско-херменевтички проблематики, поврзани за овој таинствен свештен запис, без двоумење ја признава веродостојноста на ранохристијанската традиција и го усогласува со неа, при што амплитудата на хронолошкото одредување кај разни автори се одвива различно – од раните деведесетти години на првиот век до половината на неговата последна деценија, а никако подоцна од првата половина на 96 година по Христа. Прецизно датирање не е возможно, главно шематски се зема 95 година по Христа како година на настанување на Откровението.

Continue reading “„Откровението Јованово“ – книга за нас, денес”

Евхаристијата и Црквата

Евхаристијата како пројава на Црквата

Врз основа на сведоштвата од Светото Писмо на Новиот Завет, како и постновозаветните документи, Црквата е евхаристиска заедница[1]. Зборувајќи за Црквата, светиот апостол Павле под тоа подразбира литургиско, евхаристиско собрание на Христијаните на едно место. Пишувајќи им на Коринтјаните, тој помеѓу другото вели: „кога се собирате во црквата, слушам дека постојат поделби меѓу вас…“ (1Кор. 11, 18). Значи, апостол Павле под Црква подразбира собрание, т.е. евхаристиско собрание на верниците од еден град или едно место кое се нарекува Црква. Бидејќи Црквата во раната историја пред сè се собирала на Евхаристија и заради Евхаристијата. Исто сфаќање за Црквата имаат и подоцнежните свети отци како што се: свети Игнатиј Богоносец[2], Јустин маченик, св. Максим Исповедник[3], св. Никола Кавасила и други. Свети Никола Кавасила дословно вели: „Црквата се пројавува во тајните“.[4]

Continue reading “Евхаристијата и Црквата”

Православното Христијанство и Јогата – дали се заемно сообразни?

Доктор Христина Мангала Фрост е израсната во Индија, родена e како хиндуистка, во највисоката, свештеничка каста во Индија – браманската. Таа е воспитана со јогата – нејзиниот дедо бил личен пријател со еден од водечките индиски хинду гуруа и учители кои ја дефинираа модерната јога и веданта философијата, познатиот Свами Шивананда. Доктор Христина Мангала Фрост станала Христијанка на 22 години, а подоцна преминала во Православната Црква. Докторската титула по англиска литература ја здобила од универзитетот во Кембриџ, Англија. Автор е на статии за литературата и книги од жанрот „фантастика“, а и самата има напишано неколку такви книги; како и текстови на различни духовни теми, вклучително и за јогата и Христијанството. Омажена е за д-р Давид Фрост, директор на Институтот за Православни Студии при Универзитетот во Кембриџ, со него има четири деца, а се црквува во храмот „Св. Ефрем Сирин“ во Руската Православна Црква во Кембриџ.

Јогата денес е станата мошне популарна во западниот христијански свет, така што постојат дури и Христијани, верници, коишто се интересираат или се занимаваат со јога. Тоа е и мотивот оваа тема – Сообразноста на јогата со Источното Православно Христијанство – да се отвори со д-р Христина Мангала Фрост.

Continue reading “Православното Христијанство и Јогата – дали се заемно сообразни?”

Патувајте со радост – тајната на смртта и воскресението

Крајот се наоѓа таму каде што почнуваме
Т.С. Елиот

Знам дека ќе дојдеш

Согласно со типикот на Руската Православна Црква, царските двери, во средината на иконостасот, остануваат затворени за времетраењето на проскомидијата, малку пред да почне Литургијата [ова се случува затоа што утрената која ѝ претходи на Литургијата, по грчкиот типик, се совршува во сабота вечер, после вечерната (vigilia). Така проскомидијата се совршува пред Литургијата, од свештеникот  со затворени царски двери]. Потоа доаѓа моментот да почне Божествената Литургија: царските двери се отвараат, светата Трпеза се открива и свештенослужителот ја произнесува почетната молитва. Точно за овој момент размислуваше философот на религијата, принцот Евгениј Трумбецки, малку пред да се упокои. Овие беа неговите последни зборови: „светите двери се отвараат! Големата Литургија ќе почне уште малку“[1]. Не беше за него смртта затворање, но отварање на една порта, не беше крај, но еден почеток. Како и древните Христијани, така и тој го сметаше денот на својата смрт како свој роденден.

Continue reading “Патувајте со радост – тајната на смртта и воскресението”