„Тагата и грижата носат болести“
(од кинеската медицина, 1050 год. пред Христа)
Болката и болеста се биолошки парафеномени и како такви претставуваат силни предизвици за човекот, неговата вера и неговата наука или неговиот духовно-научен или природно-научен поглед. Од природно-научен аспект, не знаеме како болестите дошле на светот. Најпознатите болести во нашиот век: ракот, туберкулозата, шизофренијата, маниjaчно-депресивната психоза, се познати уште од старите векови, веројатно и многу порано. Вообичаено, нивното настанување се толкувало со мутација на гените под влијание на непознати чинители, како надворешни (космичко зрачење, радикални климатски промени на Земјата и т.н.), така и внатрешни (во внатрешноста на самите хромозоми како носители на гените). Има и оригинални, иако недокажани хипотези за настанувањето на болестите кај човекот, каде што се претпоставува дека човекот во својата прапочетна состојба бил „природно здрав“. Така, според мислењето на еден постар германски психолог и философ, Лудвиг Клагес (1872- 1956), човекот оболува кога го открива духот во себе. Оттогаш настанува непрекинливата војна помеѓу духот и душата, душата и телото – кое во текот на илјадници години човечка праисторија и историја, прогресивно слабее на сметка на духот. На ваквиот поглед за болестите, блиско му е и едното и другото мислење, кое болеста ја смета за израз на компромис помеѓу себичната и алтруистичната природа на човекот.
Continue reading “Верата и болеста”