Откровението според светиот Јован Богослов е книга со која се завршува и заклучува новозаветниот канон, односно збирката боговдахновени книги од Светото Писмо на Новиот Завет, а по времето на настанувањето една од најпознатите новозаветни книги. Автентичната жива традиција на древната Црква, посведочена уште од првата половина на II век по Христа, во делата на светите Отци и црковните писатели, и тоа во делата на свети Јустин Философ и маченик Лугдунски (Лионски) особено, а кај Климент Александриски, Ориген, Јевсевиј Кесариски, Виктрон Петовиски и многу други, подоцна и посредно, скоро едногласно се одредува последниот период на владеењето на римскиот цар Домицијан (81-96) како terminusadquem за пишување на Откровението. Нејзе ѝ оди во прилог критичката анализа на самиот текст на Откровението, и повеќето нови, како и за нас современи истражувачи на вкупниот историско-филолошки и богословско-херменевтички проблематики, поврзани за овој таинствен свештен запис, без двоумење ја признава веродостојноста на ранохристијанската традиција и го усогласува со неа, при што амплитудата на хронолошкото одредување кај разни автори се одвива различно – од раните деведесетти години на првиот век до половината на неговата последна деценија, а никако подоцна од првата половина на 96 година по Христа. Прецизно датирање не е возможно, главно шематски се зема 95 година по Христа како година на настанување на Откровението.
Continue reading “„Откровението Јованово“ – книга за нас, денес”