Атеизмот го приложува својот класичен аргумент: познанието на Бога претпоставува дар на верата, а атеистот неа ја нема. Од своја страна пак, евангелското: „Постоеше вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓа во светов“ (Јован 1, 9) дава одговор на оваа забелешка и означува дека простото одбивање да му се припише исклучиво на разумот моќта за секое познание, поттикнува едно отворање на човечкиот дух, кој е способен барем да го насети таинството на „сосем Поинаквиот“. Според Паскал, нарушувањето на рамнотежата се случува поради „две крајности: да се исклучи разумот, или да се признае само разумот“, а Честертон во The Ball and the Cross, забележува дека „лудиот има сè изгубено, освен разумот“. Ако се задржиме само на разумот, а ги отфрлиме интуицијата, имагинацијата и контемплативното натсвесно, одрекувањето на Бога се одвива единствено на еден објективизирачки план на поими. Една таква разумска апстракција никогаш не ќе ја достигне областа на Трансцендентниот, Битието на Живиот Бог. Таа впрочем порекнува само една теолошка доктрина, еден философски систем, концепт, нешто што е без значење, бидејќи не ја досегнува Божествената тајна.
Continue reading “Неодржливоста на атеизмот”