За благочестивоста и за сето вистинско знаење, не е толку потребно човечко учење, колку што e нивното познавање кое се содржи во себеси. Знаењето не се обелоденува секојдневно само низ делата, туку и низ Христовото учење се покажува посветло и од сонцето.
Сепак, имаш желба да чуеш за споредбите на знаењето, ела блажени, да принесеме нешто, колку што би можеле за Христовата вера. Се разбира, тоа можеш да го најдеш во Светото Писмо, но, сепак, добро е и другите да го чујат. Светото и боговдахновено Писмо самото е доволно да ја објавува вистината. А има и многумина од нашите блажени учители и Отци, кои составија слова за таа цел. Во списите на отците, секој ќе го дознае правилното толкување на Светото Писмо и ќе биде во можност да се устреми кон она што тој сака да го дознае. Меѓутоа, бидејќи сега ги немам во рацете делата на отците, она што го научив од нив морам да ти го соопштам и да ти го напишам. Имено, мислам за верата во Спасителот Христос. За некој да не го смета за безвредно учењето на нашето слово, ниту да не ја мисли за безумна верата во Христос.
Continue reading “Против идолите”